Најбезбедниот и наједноставниот начин за преземање на Tor Browser е од официјалната Tor Project веб страна на https://www.torproject.org/download. Вашето поврзување до страната ќе биде обезбедено со користење на HTTPS, што ќе направи да биде многу потешко за некој да го пресретне Интернет сообраќајот.

Како и да е, постојат случаи кога нема да можете да пристапите на страната на Tor Project, на пример: може да биде блокирана на вашата мрежа. Ако ова се случи, можете да користите некој од алтернативните методи за преземање од листата подолу:

АЛТЕРНАТИВНИ ОГЛЕДАЛСКИ ЛИНКОВИ

Ако сте оневозможени да го преземете Tor Browser од официјалната веб страна на Tor Проектот, во замена можете да се обидете да го преземете од некој од официјалните алтернативни огледалски линкови или преку EFF или Calyx Институтот.

GetTor

GetTor е услуга која што автоматски одговара на пораки со линкови до најновите верзии на Tor Browser, хостирани на различни локации, како што се Dropbox, Google Drive and GitHub.

ЗА КОРИСТЕЊЕ НА GETTOR ПРЕКУ Е-ПОШТА

Пратете е-пошта на gettor@torproject.org, и во пораката пишете единствено „windows“, „osx“, или „linux“, (без наводниците) зависно од вашиот оперативен систем. For example, to get links for downloading Tor Browser for Windows, send an email to gettor@torproject.org with the word "windows" in it.

GetTor ќе ви одговори со е-пошта што содржи линкови од кои можете да го преземете Tor Browser пакетот, криптираниот потпис (потребен за верификација на преземањето), отпечатокот од клучот користен за создавање на потписот, и контролната сума или попозната како хаш вредноста на пакетот. Може ќе ви биде понуден избор помеѓу 32-битен и 64-битен софтвер: ова зависи од моделот на компјутер кој го користите.

ЗА КОРИСТЕЊЕ НА GETTOR ПРЕКУ TELEGRAM

Испрати порака на @GetTor_Bot на Telegram.

  • Допри на 'Старт' или напиши /start во четот.

  • Одберете го вашиот јазик.

  • Има две опции за преземање на Tor Browser.

    • Допрете на 'Испрати ми го Tor Browser преку Telegram' и изберете го вашиот оперативен систем и саканиот јазик. GetTor ќе ви одговори со преземање на Tor Browser датотека и потпис кој може да се употреби за верификување на преземањето.
    • Допри на 'Испрати ми други алтернативни огледалски линкови за Tor Browser' за преземање од некој од официјалните алтернативени огледалски линкови.

GetTor Бот